Со промоција на видео записот за песната Последна заблуда, продолжи соработката меѓу Витаминка и Владо Јаневски иницирана уште минатата година. Поддршката од Витаминка за Владо значеше повторно враќање на музичката сцена и заеднички настап на двата најсилни македонски бренда.„Соработката што ја започнавме со Владо Јаневски минатата година се заокружува со оваа промоција, уште еден од успешните новитети од Владо. Ова своевидно партнерство се роди од заемниот стремеж за создавање на нешто вредно и нешто што остава трага, а според она што го гледаме денес, ни потврдува дека како компанија застанавме зад едно од најзначајните имиња за домашната музичка сцена и создадовме производ на задоволство на сите“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.
„Последна заблуда“ е втората песна и видео запис што произлезе од оваа соработка.
„Оваа песна е посебна во многу аспекти и токму затоа заслужи да добие оригинален видео запис изработен висококвалитетно и да биде поддржана од компанија што е синоним за квалитет, вредност и постојаност во поддршката за македонската поп музика. Соработката што јас ја имав со Витаминка им ја посакува на сите македонски артисти, затоа што вистинските вредности одат заедно и постигнуваат заеднички успеси“, изјави Владо Јаневски.
Песната е авторско дело на Владо Јаневски кој се потпишува на текстот и музиката, аранжманот е на Никша Братош, се снимаше во загрепското студио NB и Enterprise во Скопје, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски. Продукцијата задолжена за видео записот е Горила под режија на Горан Костадинов, се снимаше на Галичник и Маврово за што беа ангажирани модели од модното студио Црнокрак.„Соработката што ја започнавме со Владо Јаневски минатата година се заокружува со оваа промоција, уште еден од успешните новитети о