Јовановски гостуваше во ОКО на ТВ НОВА со Горан Петрески, каде зборуваше за театарот, љубовта кон Македонија, активизмот на социјалните мрежи и актуелната политичка состојба. Деновиве Јовановски е актуелен со коментар на социјалните мрежи во кој се oсврнува на повикот на поранешниот олеснувач во пржинските преговори, Питер Ван Хојте кој на албанските партии им порача да внимаваат со кого коалициираат.
„Не може секој да ни попува за демократија, но најмногу ме вознемири тоа што се меша во внатрешната политика. Ги упатува албанските партии да не коалицираат во ВМРО-ДПМНЕ, ги хушка дека во средините во кои живеат Албанци немало инфраструктура, градинки, сали… Се работи за директно мешање и извртување на фактите. Вакво поттикнување на меѓуетнички тензии, не смеат да му дозволат институциите. Никој нема право да поттикнува такви тензии, за ние да гинеме потоа. Ќе ве потсетам, слично настапи лани Американската амбасада по повод кумановските настани. Имено додека траеше акцијата во Дива Населба Американската амбасада објави соопштение во кое стоеше дека има цивилни жртви, што подоцна се виде дека не е вистина, но не се извини за тоа што директно поттикнуваше меѓуетнички судир. Кој им дал право? Оваа информација подоцна не беше демантирана“, потсети Јовановски.
Актерот додаде дека институции што се претставуваат како наши стратешки партнери не треба директно да поттикнуваат немири и да се мешаат во домашните работи.
Целата емисија можете да ја погледнете во видеото во продолжениеДеновиве Јовановски е актуелен со коментар на социјалните мрежи во кој се oсврнува на повикот на поранешниот олеснувач во пржинските преговор