Продолжението на Десеттата седница на Општина Карпош, вчеравечер, во амфитеатарот на Технолошко- Металуршки факултет, Советот на Општина Карпош го посвети на советнички прашања.Советниците од опозицијата и власта му поставуваа прашања на градоначалникот Стевчо Јакимовски околу секојдневните прашања од живеењето и работата на Општина Карпош.
Опозициските советници, меѓу другото, се интересираа дали ќе се догради новата општинска зграда, плоштадот во Влае, нова градинка во Влае 1 и дали ќе се смени уличното осветлување во Бардовци на улица 6.Наспроти нив, советниците од ГРОМ прашуваа за тоа колку градинки се досега обновени, колку училишта, дали и натаму ќе се поддржуваат социјалните случаеви и ќе се одвојат средства за талентираните спортисти и ученици.
Во двочасовната расправа, градоначалникот Јакимовски одговараше на сите прашања, до нивното исцрпување. Така, општинската зграда ќе се догради по постојниот проект доколку тоа не ја чини Општината енормно скапо, а најави и дека се преговара со владата околу нејзиниот интерес за земање деловен простор за сместување на неколку подрачни единици на министерствата кои и порано функционираа на оваа територија.
Паркот во Влае ќе почне со доизградба во најскоро време, бидејќи се завршени тендерските постапки и процедурата продолжува натаму. И покрај реконструкцијата на градинката „Пролет“ во Влае, со помош на јапонска и швајцарска донација, оваа населба во Карпош веќе во идната година може да добие уште една сосема нова градинка, рече општинскиот татко.
Советниците од опозицијата и власта му поставуваа прашања на градоначалникот Стевчо Јакимовски околу секојдневните прашања од живеењето и работата