Влатко: Ќе и пејам на мојата партнерка Марина на свадба

Поп пејачот Влатко Илиевски и неговата партнерка Марина Овезовска се двојката која го напушти популарното шоу „Танц со ѕвездите“. Пред неколку недели во медиумите ја промовираа нивната „романса“, а популарниот пејач и актер конечно проговори за таа ситуација, пишува Дневник.
– „Танц со ѕвездите“ е шоу, а не професионален натпревар. Во шоу-бизнисот се дозволено. Марина е прекрасна личност и една од најдобрите танчaрки во Македонија. Нормално дека никогаш не сме биле во врска. Дури имав чест да присуствувам на моментот кога нејзиното момче Александар ја побара за жена. Им пеев на свршувачката во Битола, приредија одлична забава и се забавувавме до зори. Со задоволство ќе им пеам и на свадбата ако ме поканат – открива Илиевски.
За него „Танц со ѕвездите“ е познат телевизиски формат кој пред сe нуди одлична забава, а пријателствата што ги стекнал изминатиов период за него се најпријатното искуство од шоуто. Влатко во континуитет добиваше негативни критики од жирито, но успеа да остане меѓу најдобрите пет ѕвезди во шоуто.

 
– Сите коментари, добри, но и не толку пријатни, за мене се само позитивно искуство. Посакувам секој што ќе има можност да се обиде да танцува, воопшто да не размислува, тоа е една чудна енергија што ги храни телото и духот – порачува популарниот пејач.
Според него, во полуфиналето се пласирале токму оние што се покажале како најдобри, но не сакаше да го открие својот фаворит за победа во втората сезона.
Извор: ДневникПред неколку недели во медиумите ја промовираа нивната „романса“, а популарниот пејач и актер конечно проговори за таа ситуација, пишув

Пронајдете не на следниве мрежи: