Влегла на Фејсбук, па се шокирала кога ја дознала вистината за сопругот!

Британецот Ендрју О`Кли (36), две години бил во брак со две жени, а ниту една од нив немала поим дека тој води двоен живот. Тој бил откриен поради Фејсбук, сопственото невнимание и предизвикот со полевање со ладна вода.Иако е готово тешко да се поверува, 36-годишниот маж откако во 2008 година се оженил за Мишел Агбулос, во август во 2013 година се оженил и со Филипа Кембел. Тој не се развел од првата сопруга, ниту пак бил во лоши односи со неа.
На сопругата Мишел, со која во 2014 година добил ќерка, ѝ рекол дека учествувал во некаква измам и дека сега се наоѓа во програма за заштита на сведоци па затоа мора на подолго време да живее во „сигурна куќа“. Лековерната жена му поверувала и му ветила дека никому нема да каже за тоа.
Но, поранешниот војник всушност заминал во околу педесеттина километри оддалечен град, каде што живеел со другата сопруга Филипа.
На неа ѝ рекол дека се развел од првата сопруга и дека неговото семејство не го поддржа тој развод, па затоа никој не дошол на нивната венчавка.
Но, откако со другата сопруга учествувал во хуманитарната акција „Ice bucket challenge“, а нивното видео било објавено на Фејсбук со наслов „Тетин Андреј и тета Филипа“, првата сопруга Мишел сфатила што се случува.
На Фејсбук ги пронашла фотографиите од неговата втора венчавка и случајот го пријавила во полиција.
Тој беше осуден на осум месеци затвор поради бигамија и ја призна вината пред судот.
Според очекувањата, првата сопруга го напуштила, но другата решила да остане со него и покрај сите лаги.Иако е готово тешко да се поверува, 36-годишниот маж откако во 2008 година се оженил за Мишел Агбулос, во август во 2013 година се оженил и со Фили

Пронајдете не на следниве мрежи: