„Не знаев каде се наоѓам. Од еден погрешен воз преминав во друг, и така во круг. Колку повеќе се обидував да го пронајдам патот до дома, толку шансите се намалуваа дека ќе си го пронајдам патот до дома“, во солзи раскажува оваа Кинескиња.Џијанг Ај-ву (43), која се загубила кога имала само 6 години, качувајќи во погрешен воз, конечно по 37 години успеала да си ја пронајде мајката.
Имено, таа се загубила од својата родна провинција Хуан кога со локалниот воз се обидела да си дојде дома.
Исплашеното девојче завршило 725 километри далеку од дома, во една провинција во Џијангс, на истокот на Кина, каде што државата и` обезбеди старателско семејство.
„Отсекогаш сакав да си ги пронајдам родителите, но бев многу малечка и не си ја знаев адресата. Се трудев да го живеам новиот живот, но постојано се надевав дека мајка ми и татко ми ќе дојдат по мене“, изјави таа.
Во меѓувреме, нејзините родители спровеле истрага која била безуспешна. Оваа ситуација се нема сменето се` до моментот кога еден женски глас ја побарал на телефон својата мајка и ја прашал дали некогаш имала ќерка која ја загубила.
Пресреќната Ај-ву повторно има семејство на кое мора одново да се навикнува, бидејќи бројот на членови значително се зголемил со текот на годините.Џијанг Ај-ву (43), која се загубила кога имала само 6 години, качувајќи во погрешен воз, конечно по 37 години успеала да си ја пронајде мајката.



