Роналд Ѓока, огромниот навивач на игрите на португалскиот фудбалски АС, Кристиано Роналдо, заврши во затвор откако претходно за време на натпревар на Реал Мадрид во САД, влезе на теренот и го прегрна португалецот.Роналд Ѓока заврши во затвор откако на мечот меѓу екипите на Реал Мадрид и Челзи влезе на теренот за да го прегрне својот идол, Кристиано Роналдо. Ѓока за медиумите вели дека бил вистинска ѕвезда кога влегол во затворот.
„Бевме во дворот од затворот, игравме фудбал, ми кажаа дека меѓу нив има и еден вистински фудбалер. Тогаш им ја раскажав приказната дека токму поради фудбал сум дошол зад решетките, се собра целиот затвор, некои не ми веруваа, но подоцна на ТВ ја видоа целата приказна, па потоа станав вистинска ѕвезда“ вели Ѓока.
Инаку, американските закони се јасни, и нема никакви пропусти во однос на вакви случувања, па така Роналд Ѓока веднаш доби викенд во затворот поради нарушување на јавниот ред и мир.
За потсетување е дека Кристиано Роналдо со одобрение наиде на целата реакција на неговиот огромен навивач, па така Ѓока доби од својот огромен идол прегратка, која наиде на воодушевување на целата спортска јавност ширум светот.Роналд Ѓока заврши во затвор откако на мечот меѓу екипите на Реал Мадрид и Челзи влезе на теренот за да го прегрне сво