Влезници за натпреварот Металург-Силкеборг преку „КупиКартиЗаСе“

Ракометниот клуб Металург го промени партнерот за продажба на билети за натпреварите од Лига на шампионите во ракомет, при што склучи договор за соработка со продажната мрежа на „КупиКартиЗаСе“.Новина во поглед на претходниот дистрибутер е можноста за директна продажба на билети преку интернет страната www.kupikartizase.com. Системот „КупиКарти ЗаСе“ ја нуди и веќе постоечката можност да секој купувач на билет има можност за избор на позиција, односно место за седење.Билетите за натпреварите на Металург во Лига на шампиони ќе може да се набават на следните локации во Скопје: Купи Карти-Скопје Сити Мол, Супер Тобако – ТЦ Лептокарија, Моби Клик-ТЦ Капиштец, Цвеќара Розе-Веро 2 Скопје, Билетара во СЦ Борис Трајковски, Билетара во сала Автокоманда, Салонот на Нико-фон во ТЦ Бисер нас.Аеродром, како и продажните места низ Македонија во следните градови: Прилеп, Битола, Куманово, Штип, Охрид, Струга, Кичево и Тетово.
За конкретните локации во определени градови  каде што можат да се купат билети низ Македонија ќе може да се информирате на веб страната на Металург.Билетите за натпреварот од 10-тото коло од ЛШ, кој Металург го игра на домашен терен на 24.02.2013 година (недела) со претставникот на Данска, Силкеборг Бјерингбро ќе бидат пуштени во продажба на 16.02.2013 година (сабота) во 12 часот.Цените на билетите остануваат исти како и на претходните натпревари од групната фаза и тоа: -100 денари за блоковите Б7, Б8 и Б9. -150 денари за блоковите Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15. -150 денари за блоковите М7, М8, М9 и М16. -200 денари за блоковите М4 и М15 (блоковите М1, М2, М3, М12, М13 и М14 се сезонски билети).
МакфаксРакометниот клуб Металург го промени партнерот за продажба на билети за натпреварите од Лига на шампионите во ракомет,

Пронајдете не на следниве мрежи: