Во пресрет на 17. ноември – Светскиот ден на предвремено родените деца и одбележувањето на 70 години од основањето на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Пивара Скопје обезбеди донација со која целосно го опреми одделот за перипартална интензивна нега во оваа јавна здравствена установа.Донацијата се состои од специјални болнички кревети со антидекубитни душеци од реномирани светски производители, постелнина и наменски медицински мебел што го сочинувааат наткасни и полици за пациентите и пулт за медицинскиот персонал. Ваквата опрема, од страна на Министерството за здравство и менаџментот на клиниката, беше посочена како неопходна за унапредување на нивото на здравствената заштита на родилките во одделот за интензивна нега.
„Нашата определба да донираме за потребите на здравството е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни за целата заедница. Особено сме среќни и задоволни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на мајките и бебињата со што придонесуваме кон обезбедување здрави поколенија и одржлива иднина за сите“, изјави Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации во Пивара Скопје.
Со ова вложување, Пивара Скопје се приклучи кон донаторската кампања на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, што се одвива под мотото „Сите ние, пријатели на бебињата“, а која е поддржана и од Владата на Република Македонија.
„Ваквите донации се пример дека можеме заедно и државата и приватниот сектор да придонесеме кон решавање и на најгорчливите проблеми што ги мачат граѓаните. Се радувам што во нашата земја постојат позитивни примери, како денешниот со Пивара Скопје каде што можеме да видиме како општествено одговорна компанија дава директна помош за унапредување на условите во одделението за интензивна нега кадешто мајките ќе се згрижуваат откако ќе ги донесат своите новороденчиња на свет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е единствената универзитетска медицинска установа од ваков вид во земјата, во која се обезбедува највисок степен на здравствена заштита и се третираат најсложените случаи од областа на гинекологијата и акушерството, а паралелно на тоа се изведува образовна дејност и научно истражувачка работа. На Клиниката годишно сe извршуваат и до 6.000 породувања, како и над 50.000 специјалистички и суб-специјалистички прегледи и интервенции.
„Заради местото, улогата и големото значење на нашата клиника за здравствениот систем на Република Македонија, неопходно е таа постојано да се осовременува, да биде во тек со најсовремените медицински достигнувања и да се обезбедуваат соодветни стандарди за третман и нега на пациентите. За нивното достигнување свој придонес секако дава и Пивара Скопје, преку ваквиот вид конкретна поддршка, за што јас во името на клиниката, нејзиниот персонал и пациентите искрено им благодарам“, изјави директорката на клиниката д-р Викторија Јовановска.
Во согласност со својата трајна определба за реализација на проекти кои се од особено значење за заедницата, Пивара Скопје и во иднина ќе продолжи со вложувањата во натамошно унапредување на здравствениот систем на земјата, за што наскоро ќе биде реализиран и долгорочен проект со кој се дава дополнителна поддршка во обезбедување здрави поколенија.Донацијата се состои од специјални болнички кревети со антидекубитни душеци од реномирани светски производители, постелнина и наменски ме