Група млади момчиња силувале една аргентинска тинејџерка (16), за потоа нејзината сестра да ѝ ги извади очите во чин на егзорцизам за кој тврди дека локалниот свештеник ја советувал да го изврши.Жртвата која има само 16 години, во моментот се наоѓа во болница каде што лекарите се борат за нејзиниот живот, а нејзиното семејство вели дека го направиле тоа затоа што мислеле дека е опседната од ѓаволот.
Сестрата на жртвата тврди дека локален свештеник ѝ дал остар нож кој бил употребен при ритуалот и ѝ рекол дека мора лично да го изврши бруталниот чин за да ја излечи сестрата. Ужасот се случил во градот Генерал Пинедо, на северот од Аргентина.
Сестрата им раскажала на полицајците дека жртвата имала визии и верувала дека демоните ќе се исплашат од болката и ќе го напуштат нејзиното тело.
Жртвата се здобила со бројни повреди во пределот на гениталиите, а полицијата и понатаму трага по групата мажи коишто ја силувале.
Шефот на локалната полиција, Пабло Алмирон, изјавил за медиумите дека и родителите на девојката верувале дека била под контрола на демони.
Тие им рекле на полицајците дека постојано ѝ се прикажувале кози и други животни пред очите и дека се советувале со евангелискиот центар за помош.
„За прв пат во мојата 22-годишна кариера доживеав вакво нешто. Тешко е да се објасни дека вакво нешто можеше да ѝ се случи на една тинејџерка“ – наведува Алмирон.Жртвата која има само 16 години, во моментот се наоѓа во болница каде што лекарите се борат за нејзиниот живот, а нејзиното семејство вели дека го