Советот на општина Центар предводен од СДСМ донесе скандалозна одлука со која се круниса процесот на политизација на уште едно училиште во оваа општина од страна на градоначалникот и неговите соработници и се доведе во прашање нивото на квалитет и континуитет на образованието на повеќе од 600 ученици, што пак, сосема нормално предизвика сериозна загриженост и вознемиреност кај нивните родители и семејства, истакна на денешната прес-конференција Марија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ангелова
Станува збор за одлука со која советниците од редовите на СДСМ и коалиционите партнери ја запечатија судбината на најстарото училиште во Република Македонија, основното „Св. Кирил и Методиј“, да стане и првото акредитирано училиште во земјата кое работи согласно престижната меѓународна ИБ програма, во чиј фокус е поттикнување и стимулација на учениците да истражуваат, да го покажуваат својот талент, да развиваат вештини, да стекнуваат трајни знаења и критички да размислуваат.
Советниците на СДСМ и коалицијата во општина Центар докажаа дека најдобриот интерес на најмладите, нема никаква важност кога се во прашање партиските интереси и директиви. Донесоа одлука со која му препорачуваат на училишниот одбор во „Кирил и Методиј“ да изгласа стопирање на процесот на акредитација за светско ИБ училиште кое беше во финална фаза и укинување на програмата што, како реформа во образовниот процес позитивно ја оценија многу високи европски претставници, меѓу кои и влијателната европратеничка и претседателка на Комисијата за образование и култура во Европарламентот, Дорис Пак. Имено, Пак при посетата нашата земја во 2013-та година присуствуваше на час по ИБ во едно од единствените две училишта кај нас, каде се применува ИБ и лично пред медиумите го потврди квалитетот и позитивниот исход од имплементацијата, посочувајќи ја притоа Македонија како земја пример за реформатор на системот на основно образование.
Одлуката на Советот е скандалозна, ако се знае дека пред само неколку месеци, поточно во септември 2016-та година истите советници ја усвоија годишната програма за работа на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во која менаџментот на училиштето се обврзува да обезбеди континуитет на наставата согласно ИБ програмата во учебната 2016/2017-та и секако, се обврзува да го заокружи процесот на акредитација.
Целта на овие контрадикторни постапки е јасна. Училиштето да не ја добие финалната акредитација, а притоа за неуспех да се обвини централната власт, што впрочем и се случувало на вчерашната седница на општинскиот совет, а очекувањата се дека ќе продолжи и во деновите што следат, како надополнување на деструктивната и манипулативна политика на СДСМ, од каде речиси секојдневно најавуваат укинување на многу досега реализирани реформи во интерес на граѓаните, доколку тие, погазувајќи ја волјата на мнозинскиот народ, со поддршка на странски држави и државници успеат да формираат влада.
Јавноста треба да знае дека иницијативата за укинување на меѓународната ИБ програма во училиштето „Кирил и Методиј“ во Центар на само 4 дена пред финализирање на процесот на поднесување апликација за акредитирање, не е волја на наставниците, родителите и учениците.
Многумина родители ги запишале своите деца во ова училиште, токму поради имплементацијата на ИБ програмата која е воведена со одлука на училишниот одбор уште во 2013-тата година и за која се добро информирани, а сега со нејзиното укинување, всушност се менува концептот и пристапот на работа со децата.
А, исто така, пропаѓаат и финансиите кои досега се одвоени од државниот буџет за оваа намена во износ од околу 100 илјади евра.
Јавноста треба да знае дека ова е волја на СДСМ и градоначалникот на Центар кој е нивен коалиционен партнер, а целата работа ја спроведува една инструирана личност, за жал, директорка на училиштето по чии насоки, мнозинска група родители кои се противат на идејата за укинување на ИБ програмата, за што доставија и претставка до сите надлежни институции, не им било дозволено да присуствуваат на седницата на Советот на општина Центар.
Апелираме до Советот на општина Центар и до училишниот одбор во основното училиште „Кирил и Методиј“ да ги преиспитаат своите постапки и да донесат одлуки согласно најдобриот интерес на учениците.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ангелова
Станува збор за одлука со која советни