ВМРО- ДПМНЕ бара одржување на локални избори во најбрзо можно време

Го повикуваме парламентарното мнозинство веднаш даствори услови за распише на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓупериод. Ние како партија сметаме дека граѓаните час поскоро да добијат можност да ја изберат новата локална власт и предлагаме локалните избори да се одржат во најбрз можен рок, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.-Првиот термин кој сметаме дека е соодветен за одржување на брзи локални избори согласно интересите на граѓаните би бил 2 јули, доколку парламентарното мнозинство не е спремно за брзи локални избори во јули вториот термин кој што е прифатлив е средината на септември, односно одржување на 17 или 24 септември. Доколку парламнтарното мнозинство не е спремно и во средината на септември, тогаш третиот датум кој што сметаме дека е соодветен е локални избори на 15 октомври, но напоменуваме дека секој подалечен рок за одржување на локалните избори би создал поголеми негативни последици за општините и би нанесол поголема штета на интересите на граѓаните по однос на локалната самоуправа, вели Милошоски.
Милошоски вели дека секој обид неразумно да се одовлекуваат локалните избори и да се блокира мандатот на општините а со тоа и да се загрозат интересите на граѓаните би се толкувал како обид за бегање од избори односно бегање од избори.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој предлог кој ќе го предложи парламентарното мнозинство и се надеваме дека тоа ќе биде што поскори брзи и ефикасни парламентарни избори за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета, истакна Милошоски.-Првиот термин кој сметаме дека е соодветен за одржување на брзи локални избори согласно интересите на граѓаните би бил 2 јули, доколку парламентар

Пронајдете не на следниве мрежи: