ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска наведува дека резултати од работењето и грижата на оваа партија за граѓаните се евидентни и оти граѓаните ги препознаваат разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Во соопштението го наведуваат вчерапотпишаниот договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром. Утрешното свечено отворање на Македонската филхармонија која се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1.310 места и најсовремена технологија и опрема. Исплатата на земјоделските субвенции, за кои истакнуваат дека во период од 10 години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над 1 милијарда евра. Потсетуваат дека земјоделството изминативе 10 години стана една од најважните стопански гранки.
Во соопштението посочуваат дека во тек е изградбата на историски најобемните инфраструктурни зафати, како автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, реконструкцијата на патот Велес – Штип, како и автопатот Скопје – Куманово, но и многу други проекти во вредност од над 1 милијарда евра.
– Додека ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата креирана и наметната од СДС напорно работеше на подобрување на животот на граѓаните, Зоран Заев со своето анти-државно и деструктивно однесување ги загрозуваше највисоките државни и национални интереси, понижувајќи го сопствениот македонски народ неколку пати по ред, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се додава дека ваквото деструктивно однесување, насочено против граѓаните и државата, нема да трае.Во соопштението го наведуваат вчерапотпишаниот договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадрат