ВМРО-ДПМНЕ: „Единствени кои инвестираат во здрава животна средина“

Екологијата не е веќе тренд, туку стана и потреба, еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој, кажа Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здрава животна средина“, организирана по повод роденденот на партијата.-Екологијата не е само тренд туку е и потреба и една свера која што во иднина ќе биде целиот економски развој на едно општество или држава како Македонија, базиран баш во делот на економијата. Еколошките проекти во иднина нема да бидат само проекти кои се важни само за животната средина, туку тоа ќе бидат важни проекти и за економскиот развој. Отпадот, менаџирањето на отпадот, менаџментот на целиот тој еколошки процес станува бизнис и тоа многу профитабилен бизнис, изјави Делев
Тој кажа и дека западните земји се повеќе работат околу отпадот и неговиот менаџмент, кој станува главен генератор на приходи.
-ВМРО ДПМНЕ подолго време размислува на овој сегмент, имаме направено неколку проекти, како проекти кои треба да се развијат, така и проекти кои веќе ги реализиравме и многу проекти кои беа дел од нашата изборна програма. Неколку само ќе напоменам. Проектите кои требаше да се направат во делот на екологијата во Македонија, беа долги, тешки, но и многу скапи. За такви проекти требаше доста време и средства, бидејќи не секогаш имавме такво искуство околу менаџирањето или подоцна имлементирањето со такви проекти, изјави Делев.
Тој напомена да имаат мини, но и макро проекти, кои придонесуваат во оваа свера. Како еден од најголемите проекти го спомена гасификацијата во Република Македонија, проект кој според неговите зборови бил многу значаен.
-Тоа е најзначајниот проект во Република Македонија, не многу визибилен, бидејќи станува збор за една огромна подземна инфраструтура, но многу значајна и многу скапа. Првично требаше да ги најдеме кои се тие алтернативни рути, каде што можеме да го прибавиме гасот. Ние одлучивме тој да го базираме на западните компании и дистрибутери. Во фаза на градба е главниот гасовод кој треба да донесе евтин гас од другите земји, проект кој ќе помогне да го намалиме загадувањето, изјави Делев.
Тој кажа дека има и многу други мерки, кои влијаат на енергетската ефикасност. Тој ги спомена и мерките како што беше помошта за набавување пелети, како и субвенцијата за менување на дрвените прозорци.
-Сега некако сум загрижен, бидејќи сите тие активности на еден начин застанаа и како такви според мене тие треба да продолжат, бидејќи тие се добри мерки, конкретни и ќе придонесат граѓаните да имаат почист воздух. Тие се долгорочни мерки, кои ние ги почнавме и некој треба да ги продолжи. Тие треба да бидат прифатени од новата влада, бидејќи за тие мерки користени се западни консултанти и технологии. Убаво е ова да се продолжи, но на терен не е така. Сведоци сме што се се случи во Струга и во Тетово. Една депонија да не може да се изгаси, го покажува капацитетот на локалната самоуправа и новата владеачка гарнитура, изјави Делев.
 
-Екологијата не е само тренд туку е и потреба и една свера која што во иднина ќе биде целиот економски развој на едно општество или држава како Мак

Пронајдете не на следниве мрежи: