ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за случајот „Пуч“ повика три лица.Повикан е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртоосомничен во „Пуч“. ВМРО-ДПМНЕ го повикува и синот на првоосомничениот Зоран Верушевски, Александар.
Пред Анкетната комисија треба да се појави и Бранко Палифров од Струмица, второосомничен во истиот случај.
Зоран Верушевски и Зоран Заев се обвинети за употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и за упатување на сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
-Според досега документираните сознанија, двајца од обвинетите биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени. Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив, соопшти тогаш полицијата.
Повикан е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртоосомничен во „Пуч“. ВМРО-ДПМНЕ го повикува и синот на првоосомничениот Зоран Веруше