Владата на Зоран Заев не е реформска туку антиреформска. Нејзините први чекори не се нови проекти и реформи, туку најави за уривања, блокирања и укинувања, истакна на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев во првата изјава како Премиер побара првиот човек на Јавното обвинителство кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си даде оставка. Ова не е ништо друго освен пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Зоран Заев.
Зоран Заев еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а втор пат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното Јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето „Поткуп“, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка.
Зоран Заев е исплашен од овие постапки. Зоран Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Струмица. Затоа Зоран Заев сака да стави рака врз обвинителството. Му треба гаранција дека на чело на институцијата ќе застане некој како Катица Јанева, кој нема да се дрзне да постапува против него. Тоа е основната причина поради која што владата вчера отпочна постапка за смена на Јавниот обвинител.
Втората причина е класична одмазда. Одмазда врз институциите кои воделе постапки и против останатите членови на владата на Зоран Заев, кои завршувале и со затворски казни. Јавноста деновиве е вознемирена од написите дека голем дел од кабинетот на Заев не само што бил гонет за криминал, туку имало и судски пресуди против нив. Медиумите веќе објавија дека шефицата на кабинет на Зоран Заев веќе лежела во затвор, а десетици пријави се поднесувани и против министрите Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Садула Дураку, Хазби Лика и останатите членови на владата.
Ова е причината зошто Заев преку медиумите под контрола на СДС се заканува и кон Советот за јавни обвинители и кон сите судии најавувајќи неуставен реизбор.
Зоран Заев доколку е искрено загрижен за реформи во судството треба првин да покаже почит кон судската власт. Треба да почне да се појавува на судските рочишта кои се водат против него. Целата јавност е сведок на срамниот однос и 11-те одложувања на судењето во случајот „Поткуп“.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците и во судската и во обвинителската фела да не подлегнуваат на притисоците и заканите од СДС. Да работат стручно и професионално исклучиво според Уставот и законите.
Антиреформите на Зоран Заев нема да го подобрат животот на граѓаните, како што нема да го подобри животот ниту личната пресметка на Заев со Обвинителството. Граѓаните од новата Влада очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните го очекуваат ветениот економски раст од 5% и изградба на нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за брз влез во НАТО и ЕУ кој нема да биде на штета на македонските национални интереси.Зоран Заев во првата изјава како Премиер побара првиот човек на Јавното обвинителство кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си д