ВМРО-ДПМНЕ го честиташе празникот на Власите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.-Влашката заедница во Република Македонија претставуваат нераскинлив дел од нашето општество и несомнено даваат огромен придонес во процесот на градење, зачувување и негување на меѓусебните односи и мултикултурната разноликост која ја има Република Македонија. Празнувањето и почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и сила да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција. Само на тој начин, обединети и сплотени ќе создадеме вредности за уште посилен развој и просперитет на нашата држава, се вели во честитката.
За таа цел, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на Влашката заедница им го честита 23-ти мај, Националниот ден на Власите и им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите најблиски.
 
Премиерот Емил Димитриев во име на Владата на Република Македонија и свое лично име по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во државава.– Националниот ден на Власите веќе десетта година по ред се прославува како празник на влашката заедница во Република Македонија, што претставува основен симбол за почит кон една од најавтентичните култури кои живееле на овие простори. Влашката култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница дала значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Токму затоа, посочува Димитриев, Власите се нераскинлив дел од минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија.– Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на Република Македонија, во интерес на подобар живот на нашите граѓани и напредок во секоја област од значење за државата. Упатувајќи ви најискрени честитки, ви посакувам добро празнично расположение, многу радост и бериќет во вашите семејства, се вели во честитката.-Влашката заедница во Република Македонија претставуваат нераскинлив дел од нашето општество и несомнено даваат огромен придонес во процесот на гра

Пронајдете не на следниве мрежи: