ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, да престане со неодговорното однесување, и со користењето на вработени во општинските институции како бројка на протестите.-Тоа е недозволиво и дрско однесување кон вработените кои наместо да извршуваат работни задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели. Прашуваме дали овие луѓе кои се вработени во општинските институции и претпријатија навистина рабоатат таму или се на работа во партиските штабови на СДСМ, дали вработените како Кире Ангелов, Љупка Цветкова, Сузана Тасева, Крумчо Смилков кои земаат плата од општина Струмица, работат во Општината или во штабот во скопје, праша Катица Маранѓозова на денешната прес-конференција во Струмица.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи, искажува загриженост од, како што рече, неодговорното работење на градоначалникот Зоран Заев.
– Веќе подолго време тој е надвор од Струмица, а како резултат на тоа целосно ја запостави функцијата градоначалник. Не се реализираат проектите кои ги вети, а во општинските институции владее вистински хаос. Но, тоа не го спречува обилно да ги користи ресурсите на општината за партиски политиски цели, рече Маранѓозова.-Тоа е недозволиво и дрско однесување кон вработените кои наместо да извршуваат работни задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели. Прашува