Додека граѓаните на о. Центар не можат да излезат на крај со неисчистените улици од снегот и мразот, Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710 000 евра.Замислете Андреј Жерновски за секој еден метар од оваа боемска платил по 2629 евра. Не се тоа златни плочки туку обичен бекатон.
Преспиениот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку 3 градинки во о. Центар.
Според јавната набавка која ја склучила општина Центар проценетата вредност на договорот била 39.661.017 денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или 4 милиони денари повеќе. Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни на каде се потрошени тие 4 милиони денари.
За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860 000 денари.
Згора на се, Жерновски сеуште не им одговори на граѓаните колку чинеше отворањето на Боемската улица 2, проследено со тамбураши донесени од странство.
Навиките кај Андреј Жерновски очигледно не се промениле. Исто како и за претходната Боемска улица, така и за оваа Андреј Жерновски потроши огромни суми на пари. Двете Боемски улици чинат повеќе 1.2 милиони евра пари на граѓаните на о. Центар.
Со овие пари Жерновски можеше да реализира капитални проекти како градинки, улици, комунални системи и слично. Но, ништо од тоа.
Очигледната не грижа за о. Центар, Жерновски ќе го направи прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина и за своите граѓани и единствено ќе биде запамтен по двете Боемски улици кои чинат повеќе од 1.2 милиони евра.
Жерновски, покажа и докажа дека нему не му се важни граѓаните и нивните потреби. Нему му се поважни Боемските улици, тамбурашите, ди џеите.
Граѓаните на о. Центар на следните избори ќе стават крај на оваа незаинтересираност на Андреј Жерновски за нивните потреби.Замислете Андреј Жерновски за секој еден метар од оваа боемска платил по 2629 евра. Не се тоа златни плочки туку обичен бекатон.
&nbs