ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните се згрозени од антидржавните политики на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ очекува СДСМ и сите останати политички чинители да го прифатат Манифестот за единствена Република Македонија како подадена рака за градење на просперитетна и силна држава.– Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и заштитник на сите нејзини граѓани. Само обединети ќе придонесеме Република Македонија да ја изгради својата иднина за доброто на сите нејзини граѓани, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите.
Оттаму порачуваат дека граѓаните бараат отфрлање на туѓи платформи и обединување околу прашања кои се од заеднички интерес.
– ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за единствена Република Македонија втемелен на четири принципи, повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители. Обединување околу националниот интерес, како и зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните на останатите етнички групи во земјата и надвор, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прецизираат дека дел од принципите во Манифестот се и интеграција во ЕУ и НАТО, како наши стратешки приоритети и цели, признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло.
– Манифестот предвидува гаранции македонскиот народ да не може да биде надгласан за својот идентитет и верска толеранција. Како и секоја модерна демократија, Манифестот предвидува целосно владеење на правото и почитување на Уставот и законите на целата територија на Република Македонија. Спроведување на попис на населението, што е неопходен предуслов за остварување на општ развој на општеството, и национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи и ново отворени работни места за нашите граѓани, сепотенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.– Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и заштитник на сите нејзини граѓани. Само

Пронајдете не на следниве мрежи: