Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог кој потекнува од страна на Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно договорот од Пржино.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на пратеничката група на владејачката партија
Никакво ново договарење, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ.
Би сакале да ги повториме барањата до госпоѓата Катица Јанева јавно да се извини на граѓаните, пратениците и Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом за упатените навреди и оспорувањето на легитимитетот и за нестручното, непрофесионално, неодговорно, дрско и арогантно однесување во Собранието.
Дополнително, повторно ќе ја потсетиме госпоѓата Јанева дека, ниту таа, ниту било кој друг функционер именуван од страна на пратениците немаат право да кријат и да одбиваат да одговорат каде и за кои цели ги трошат парите кои што граѓаните преку нас пратениците им ги овозможуваат за својата работа. Катица Јанева е должна да даде финансиски извештај каде ги троши парите на граѓаните.
После низата преседани кои што Катица Јанева ги направи во Собранието на Република Македонија, ние пратениците како и сите граѓани на Република Македонија сакаме да знаеме каде се потрошени 60 000 000 денари за кои што недостасуваат информации во таканаречениот извештај на СЈО и Катица јанева.
Повторно ја повикуваме госпоѓата Катица Јанева наместо да се однесува како дел од СДСМ, да се врати на комисиската расправа и да одговори на сите прашања за кои што се заинтересирани пратениците и македонската јавност.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на пратеничката група на владејачката партија
Никакво ново договарење, предоговарањ