Уценетиот криминалец Зоран Заев го газеше македонскиот Устав и ги прогласуваше македонските граѓани за терористи со цел да обезбеди поддршка за да го внесе знамето на Република Албанија во кабинетот кој треба да му припадне на Претседателот на Собранието. Уценетиот криминалец Зоран Заев го навредуваше македонскиот народ дека му е валкан образот за да обезбеди поддршка да се пее албанската химна од собраниската говорница, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Внесувањето на знамето на туѓа држава во кабинетот кој треба да му припадне на Претседателот на Собранието е срамен и недостоен чин, но уште посрамен и понедостоен е молкот на уценетиот криминалец Заев кој не смее да му каже на Талат Џафери дека доколку не го отстрани знамето, СДС ќе побара негова смена.
За да нема вакви недостојни акти со кои се понижува државноста, ВМРО-ДПМНЕ му ја понуди поддршката на Заев, доколку ја одбие Тиранската Платформа и уцените на кои се согласи да ги реализира. Заев одлучи да застане на спротивна страна од сопствениот народ и држава.
Целиот Балкан е на нозе и реагира на провокациите на Заев. Неговата сервилност кон Еди Рама и неговата непресметливост е препознаена и надвор од границите на Македонија.
Заев успеа да ги наруши односите со соседите само за да испорача тоа што е побарано од него. Криминалецот Заев станува ризик по регионалната безбедност и срам за секој Македонец.
Неговите понижувачки изјави за виткање на кичмата во спорот со Грција, дека македонскиот е ист народ и со српскиот и со бугарскиот и дека тој е албански премиер ќе останат врежани во црните страници на историјата како негација на посебноста на македонскиот идентитет и суверенитет.
Со газењето на Уставот, законите и деловникот за да се обиде да го избере Талат Џафери за спикер, СДС ја згази државата и демократијата.
СДС отвори можност во иднина, на незаконски начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската Платформа, без да се почитува волјата на народот.
СДС од гнев нарачува прогон на недолжни луѓе.
Единствен грев на овие граѓани е тоа што си ја бранеа државата и националните интереси и се противеа на реализирањето на Тиранската Платформа.
СДС е однародена партија. Партија која не го слуша гласот на народот. СДС е единствена партија во светот која го продава својот народ и својата држава. Ги продадоа државните и националните интереси на Република Македонија за да побегнат од законот.
СДС треба кривично, морално и политички да одговара, а најважно да одговара и пред судот на народот од кој упорно бега.
Од судот на народот СДС не може да побегне.
Народот е на нозе!
Македонија се буди!Внесувањето на знамето на туѓа држава во кабинетот кој треба да му припадне на Претседателот на Собранието е срамен и недостоен чин, но уште посрам