ВМРО- ДПМНЕ: Локални и предвремени парламентарни избори се излез од кризата во која СДС ја втурна државата

Целиот овој период парламентарното мнозинство се однесува неодговорно и не покажува никаков интерес за деблокирање на процесите во државата. Ваквото недговорно и деструктивно однесување на СДС граѓаните го гледаа и кога СДС беше во опозиција и сега кога СДС го има мнозинството за составување на идната влада, истакна денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.Помина еден месец од незаконскиот обид партеникот Талат Џафери да биде избран за Претседател на Собранието на Република Македонија.
Помина еден месец од флагрантното кршење на Деловникот, законите и Уставот од страна на СДС и нивните партнери.
Кому и зошто му се брзаше да го скрати правото на дискусија на пратениците, едно од најсветите права, и да го прекрши Деловникот заобиколувајќи го изборот на членови на Комисијата за избори и именување.
Дали свесно се одеше на провокација и инциденти, кога целата јавност гледа дека веќе еден месец собраниското мнозинство не покажува никаква намера за Собранието да почне да работи.
Поминаа петнесет дена откако ВМРО-ДПМНЕ побара собраниското мнозинство да создаде услови да се деблокира работата на локалната самоуправа и да се распишат локалните избори.
Поминаа две недели откако партиите се согласија локалните избори да се одржат на 15-ти Октомври. Во сето ова време, ниту се одблокираше Собранието, ниту прават чекори за закажување на локалните избори.
Ние како партија понудивме три разумни термини и излеговме со став дека што поскоро се одржат локалните избори, толку е подобра користа за граѓаните, односно многу порано ќе добијат локална самоуправа која ќе се посвети на реализација на проектите и подобрување на условите во средините во кои граѓаните живеат.
За жал, целиот овој период парламентарното мнозинство се однесува неодговорно и не покажува никаков интерес за деблокирање на процесите во државата.
Ваквото недговорно и деструктивно однесување на СДС граѓаните го гледаа и кога СДС беше во опозиција и сега кога СДС го има мнозинството за составување на идната влада.
ВМРО-ДПМНЕ  повторно повикува да се вразумат и да не се водат од личните и теснопартиските интереси и да ги откочат процесите во интерес на граѓаните.
Локалните избори да се распишат час поскоро, а заедно со нив ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се одржат и нови предвремени парламентарни избори како излез од кризата во која СДС ја втурна државата.
Помина еден месец од незаконскиот обид партеникот Талат Џафери да биде избран за Претседател на Собранието на Република Македонија.
Помина

Пронајдете не на следниве мрежи: