Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика. Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, политичката кариера на Заев заврши на 11-ти декември.
-Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име, се додава во реакцијата.-Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември стави