ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ги повикува МАНУ и Министерството за надворешни работи да излезат со став за договорот кој премиерот Зоран Заев има намера да го склучи со Бугарија.– Остана уште помалку од еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, кој Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а македонскиот народ нема никаква информација што содржи тој договор, се наведува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев бидејќи, како што велат, експертите од Бугарија протолкуваа дека со договорот се става крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС.
– Поддржувачите на СДС излегоа со срамни изјави по социјалните мрежи згрозувајќи ја македонската јавност. Поетесата Катица Ќулавкова, која е член на МАНУ, наместо да реагира во заштита на државните интереси се потсмева со вознемиреноста на охриѓани од бројните земјотреси предвидувајќи дека ако Охрид го срамнел земјотрес тоа ќе бил знак дека сме Бугари, се истакнува во соопштението.
Ќулавкова со своите постапки и изјави изминатиов период, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, докажа дека подобро ја врши функцијата на партиски војник на СДС отколку на академик кој треба да даде придонес за државата.
– Затоа Божидар Димитров, директор на Националниот историски институт од Бугарија изјави дека во МАНУ седеле луѓе на кои кога ќе им дадеш пари и ќе се пишат Бугари, па затоа не ги коментираат, ниту пак имаат став по однос на договорот со Бугарија. Тие според Димитров биле исплашени од Заев и заради лични интереси не смееле ниту да помислат да се спротивстават, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ваквите, како што велат, антимакедонски ставови и го повикува МАНУ да реагира. – МАНУ мора да излезе со став и околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања отвора простор за нови напади и нови омаловажувања, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува и Министерството за надворешни работи да реагира бидејќи, како што велат, станува збор за угледот државата.– Остана уште помалку од еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, кој Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борис