Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на следните праламентарни избори кои ќе се одржат на 5-ти јуни ќе излезе со најобемната програма било која политичка партија им ја понудила на граѓаните досега. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, опозицискиот лидер Зоран Заев најави дека приоритет на СДСМ во наредниот период и во кампањата ќе биде да го штитат пламенот на слободата и демократијата.Собранието на Република Македонија синоќа се распушти согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска соопшти дека ќе ги распише предвремените парламентарни избори на 15 април.
– Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори, вели во писменото соопштение до медиумите Вељаноски.Тој апелира до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера со што, како што додава „уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности“.
Роковите за пријавување на кандидатски листи се до 5-ти мај, односно 30 дена пред избори, додека кампањата почнува 20 дена пред избори бидејќи се вонредни. ВМРО ДПМНЕ веќе излезе со отчет пред граѓаните и воедно ја најави најобемната програма.
– Работиме и на новата програма која ќе биде најобемна до сега. Ќе направиме приоритизација, ќе ги сублимираме идеите и ќе ја направиме најобемната и најпрофесионалната програма, изјави неодамна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Владејачката партија веќе промовираше десетици проекти наменети за најмладите. Новите 40 мерки и проекти за млади од новата програма на владејачката партија, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот. Проектите ќе имаат двострана корист- и за младите и за градежниот сектор, но и за работниците во градежниот сектор кои на среден рок ќе добијат доста проекти и гарантирани вработувања.
-Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, потенцираше Груевски во неодамнешното гостување во Дневникот на Сител .
За разлика од позитивниот пристап и конкретна програма од кои директна полза ќе имаат граѓаните, СДСМ продолжува со деструктивната политика. Лидерот Зоран Заев вчера најави дека приоритет на СДСМ во наредниот период и во кампањата ќе биде да го штитат пламенот на слободата и демократијата.
-Нема да дозволиме да згасне последниот пламен на слободата и демократијата во Македонија, рече Заев.
Заев на вчерашната прес-конференција рече и дека власта со распуштањето денеска утврдика пркос кон тоа што го соопштувала континуирано меѓународната заедница.
-Власта со распуштањето денеска утврди пркос кон тоа што го соопштува континуирано меѓународната заедница. Не може САД и ЕУ да бидат против универзалните, европски вредности. Не може да бидат против условите за обезбедување на фер, демократски и регуларни избори, рече Заев.Собранието на Република Македонија синоќа се распушти согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвреме