ВМРО-ДПМНЕ на терен: На изборите на 11-ти декември, народот ќе стави крај на голготата во која СДСМ ја втурна земјата

„ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега на терен, велат високите партиски функционери кои интензивно работат, одржуваат средби со граѓаните и ги посетуваат општинските партиски штабови. Во нив се бара место повеќе. Средбите со нив се успешни и продуктивни, жителите на населените места се задоволни, а се испраќа пораката дека на изборите на 11-ти декември, народот ќе стави крај на голготата во која СДСМ ја втурна нашата земја“, пишува Курир.Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вчера се сретна со младите, со пензионери, беше во посета на пазарот, а поразговарала и со земјоделците во Штип.

-Штип е различен град од пред 10 години, Штип е образовно, економски, административен, сообраќаен центар на источна Македонија. Со младите разговаравме околу состојбата на нивниот живот во Штип. Среќни сме што тука во 2007 година се формираше Универзитет кој денес има над 15-16.000 студенти со 13 факултети и кој овозможи многу млади да останат во Штип, да студираат и да ја бараат својата иднина во Штип. Пред 2007-ма година младите учеа или во Скопје, а многу од нив одеа во соседните држави, вели Димовски.
Тој додаде дека во Штип има и над 5.000 студенти кои доаѓаат од другите градови, што економски влијае на пазарот во овој град.
-Кога ние го носевме законот за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ јас гласав за тој универзитет и сум многу горд на тоа. Пратениците од СДСМ велеа дека тоа е избрзано решение, дека е хаотично решение и не даваа поддршка. Жалам што нивниот лидер излажа дека иницијативите за Универзитетот се од 2004, но тоа доликува на Зоран Заев и на СДСМ, посочи Димовски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека кога СДСМ раководеле во Штип, се затвориле најголемите индустриски капацитети.
– Граѓаните се мудри и знаат дека економската состојба, стандардот зависи од општиот развој на економијата. Колку повеќе фабрики се отворат во Штип, толку ќе има поголема побарувачка на работна сила и повеќе ќе растат платите, што ќе влијае на целиот промет во градот. Граѓаните нема да веруваат на политичари кои ветуваа по еден вработен од секое семејство, а ништо не исполнија, потенцираше Димовски.

И од Лозово и од Свети Николе и од Штип и од Велес и од целата Македонија праќаме една силна порака за унитарноста на Македонија, за самостојноста и независноста на Македонија и во Македонија одлучуваат македонските граѓани тие се врвниот арбитер на сето она  што се случува во Македонија, изјави вчера од Лозово Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пораката е јасна и Лозово и овој дел на Македонија, но и сите градови и општини и села во Македонија ќе порачаат на кои му ја даваат поддршката, а на кои не му ја даваат поддршката, кои ја заслужува поддршката, а кој заслужува едноставно да биде испаднат од она што се нарекува политика и водење на политиката, на продавање, на националните интереси и виткање на кичмата на македонската држава. Тука сме исто така да порачаме Македонија има иднина, Македонија едноставно сака да се развива, Македонија сака да дава повеќе можности на граѓаните на Македонија, а не за нивната деструкција, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека граѓаните кои ги посетуваат порачуваат дека ова е битка за Македонија  и дека народот во оваа битка за Македонија ќе порача силно дека е на страната на македонската држава и на страната на македонската државност.
-Овој народ ќе порача дека за Македонија клучните работи се одлучуваат тука во Македонија и дека овој народ сака да излезе да гласа, дека никој нема да го спречи да излезе да гласа и никој не може да му каже како треба да гласа. Граѓаните чувствуваат, граѓаните знаат, кој е оној кој се бори за нив, кој е оној кој ги решава нивните проблеми, а кој е оној кој ги руши и оној кој што создава проблеми. Две години буквално ги молиме, ги тераме да излезат на избори сега веќе немаат никаков изговор, немаа ни претходно, па еднаш ги одложија изборите, втор пат ги одложија трет пат нема, кога тогаш мора да се соочат со народот, кога тогаш мора да поднесат сметка за се она што и го направија на македонскиот народ, за фабриките што ги затворија кога беа на власт, за пензиите кои што ги скратија, за субвенциите што не ги плаќаа, за училиштата што ги запустија и за цели региони во Република Македонија каде што не отворија ниту едно работно место. Избори мора да има и ќе има на 11 декември и Македонија ќе гласа, ќе гласа и Лозово и Свети Николе, ќе гласа и Велес и Јагуновце и Тетово и Гостивар и Маврово и Ростуше ќе гласа и цела Македонија, потенцираше Ѓорчев.

Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше во посета на Жданец и Трнодол каде остври средба со граѓаните и од каде ја испратија пораката дека е дојдено времето за крај на кризата.
 -Дојде време да ставиме крај на обидите за дестабилизација на Република Македонија, да ставиме крај на обидите за запирање на напредокот на државата. Изминатите 10 години нашата држава бележи исклучително позитивни резултати во сите сегменти и аспекти од опшественото живеење, истакна Спасов.
Тој додаде дека невработеноста е на најниско ниво во историјата на независна Р.Македонија.
-Само во Скопје невработеноста е намалена за 49 проценти. Ако во 2006 имаше околу 84.000 невработени лица, денес има само 43.000 невработени лица. Исто така и просечната плата е значително зголемена. Во 2006-та година просечната плата изнесуваше 13.700 денари, денес истата изнесува 22.300 денари што е зголемување за над 63 проценти. Тоа се показатели за успешните политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти деструктивните политики кои ги води СДСМ. Токму поради тоа граѓаните ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги казнат деструктивните политики кои ги води СДСМ, вели Спасов.

Високиот член од ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски по вчерашните средби со граѓаните од Македонски Брод истакна дека крајот на политичката криза и секојдневната неизвесност наметнати од Социјалдемократскиот сојуз ќе завршат со одржувањето на изборите на 11-ти декември, датум од кој што опозицијата неможе да побегне.
-Целата оваа политичка криза и секојдневни шокови на граѓаните кои што ги приредува Социјалдемократскиот сојуз преку своето деструктивно однесување на штета на националните интереси, како и плановите за редифинирање на државната унитарност ќе завршат со одржувањето на парламентарните избори на 11-ти декември со тежок, јубилеен десетти дебакл на опозицијата, истакна Ристовски.
Тој додаде дека наспроти декларативното нудење на нереално остварливи проекти од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон граѓаните преку континуирани дирекни средби со отчет во кој што се наведени сите ветени, но и неветени, а реализирани проекти.
-Наспроти опозицијата која нема програма и нуди исклучиво деструкција, ВМРО-ДПМНЕ преку комуникација со граѓаните изготви сеопфатна програма во која се вклучени барањата на сите категории на граѓани, со јасно поставени рокови за реализација, истакна Ристовски.
Членот на ИК, Ристовски нагласи дека работниот принцип  ветено-остварено е единствено прифатлив за граѓаните и ќе добие огромна поддршка освојувајќи 63 пратеници, со што би се задржал контиуитетот во реализирање на проекти од интерес на граѓаните и државата, меѓу кои се зголемувањето на платите,  пензиите, стипендиите , субвенциите, изградбата на образовната, спортската, здравствената и патната инфраструктура.
Инаку најголемото барање на граѓаните од Македонски брод за реконструкција на патот кон Скопје, е прифатено и согласно законските прописи во тек е постапката за избор на најповолен понудувач за градежните работи на делницата Мост Близанско – Калуѓерец во должина од 14.5 километри.  Во моментов се врши евалуација на понидите од 8 компании и по завршувањето на законската постапка и по потпишувањето на договорот, предвидено е да се започне со работа и во рок од 12 месеци градежните активности да бидат комплетирани.

Наместо деструктивноста и манипулациите на СДСМ, граѓаните ги избираат конструктивноста и проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо обвинувања и ширење на дезинформации, граѓаните сакаат програми и проекти.
Ова вчера на средба со жителите во Петровец го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
-Проекти кои создадоа 160.000 работни места со кои невработеноста е намалена на рекордно ниски 24%, проекти со кои се градат и рехабилитираат патишта, основни и средни училишта, градинки, болници, проекти и за помладите но и за постарите. Граѓаните знаат дека со работа, посветеност и труд се постигнуваат резултати и токму затоа ја даваат својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на изборите на 11 декември ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се сигурни дека ние ќе ја оправдаме нивната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ со сигурност победува на следните избори и со тоа ќе ставиме крај на политичката криза и ќе продолжиме со реализација на проекти за поубава и постабилна иднина, посочи Пешевски.

Континуитетот на посети на населени места од страна на функционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во овој период е поинтензивен, бидејќи проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нивните сугестии и решавањето на проблемите некои мора да ги чуе и тие мора да бидат решени, порача вчера од Младо Нагоричане Зоран Ѓоргиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е партија која континуирано е со народот, во овој период  додека се уште не е излезена програмата со која ќе се настапи на претстојниот референдум на Македонија на 11 декември, ќе ги слушне сите желби на граѓаните и решенијата кои ги нудат самите граѓани, за да на крајот партијата излезе со програма  која меѓу народот ќе покаже дека е единствената македонска партија која се грижи за граѓаните на Република Македонија, изјави Ѓоргиевски.
Тој посочи и дека еден од најголемите проблеми кое ги има ова населено место на само десет километри од градот Куманово се од рурален и од урбан карактер.
-Од урбан карактер најголем проблем е невработеноста, бидејќи Куманово е град кој најмногу има претспрено од невработенсота и во 2005 година бројката достигнуваше и до 28.000 невработени лица, додека во 2016 година таа бројка беше  сведена на 18.000 невработени лица. Главната работа со која може да се пофали ВМРО-ДПМНЕ во изминативе десет години каде што наследи огромна стапка на невработеност и каде што бројката на вработени лица во Република Македонија беше 560.000 луѓе, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја подигне на 720.000 ново вработени лица, преку најразличните владини мерки. Исто така и земјоделското производство во иднина ќе се качи на едно повисоко ниво, бидејќи оваа влада важи за земјоделска влада, истакна Ѓоргиевски.

За ВМРО-ДПМНЕ,  дадениот збор има тежина, сè што сме ветиле пред граѓаните  сме оствариле, тоа е причината поради која граѓаните ни веруваат, истакна вчера Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ која се сретна со граѓаните од струмичкиот регион.
-Во периодот што претстои, како и до сега, активни на терен, заедно со граѓаните, од едно место во друго, да ги разгледаме идеите и проблемите, да согледаме она што е останато да се до работи, да се започнат нови проекти и да се решат што е можно поголем број на ситуации. Тука сме и целосно сме отворени за било кое прашање да се поразговара, да се помогне, бидејќи тоа е нашиот пристап кон луѓето. Тоа е концептот на партијата, граѓаните тоа го прифатија, и тој концепт се докажа како вистински и оправдан. Граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ се стабилни. Како политичка гарнитура, со убедливи изборни победи од 2006 па до денес, наметнавме високи критериуми на политичката сцена, кои продуцираат резултати, а тоа е да се напише програма која директно е производ на потребите на граѓаните, да се биде отчетен пред нив, истакна Илиеска.
Таа додаде дека само од тие причини, граѓаните на Македонија му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата работи посветено, а како врвен приоритет ги става економијата, решавањето на невработеноста, поголеми инвестиции, помагање на домашното стопанство, поголеми и редовни плати за работниците, работиме  за земјоделците, за студентите, за спортистите, пензионерите, за подобра иднина на нашата земја.
-Време е да ставиме крај на лудилото што СДСМ го создаде и вештачки го креира, нивното недолично поведение и марионетска политика, направи граѓаните да се чуствуваат несигурни, креираа клима на нестабилност и деструктивност, го потценија сопствениот народ, што е најстрашно ја потценија интелегенцијата на граѓаните, заборавија дека  трпеливоста е силата и оружјето на  македонскиот народ.  Победата на 11 декември, значи победа со 63 пратеници, за силна и стабилна Македонија, вели порача Илиевска од струмичко.

Во посета сум на Росоман и на целиот регион, каде што имавме средба со граѓаните и поразговаравме на неколку теми, а посебно сме заинтересирани за последните случувања и околу политичката криза во Република Македонија, како и можните решенија, истакна вчера Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најодговорната партија која е секогаш блиска со граѓаните која и понатаму ќе остане во контакт со граѓаните и ќе биде блиски до граѓаните. Целта на оваа посета е да видиме кои се проблемите на граѓаните, што би можеле да сториме во тој дел и во исто време да ја презентираме и новата програма која е една од најголемите и најобемна програма досега во историјата на Република Македонија, каде што сме концентрирани најмногу на економските реформи, инвестициите, како и отварање на нови работни места. Тоа врпочем го правевме во изминатите десет години, а ќе го правиме и во наредните години, ние не сакаме политички кризи, ние сакаме да ги решаваме проблемите на граѓаните, потенцираше Делов.
Тој вели и дека за жал опозицијата е партија која креира разни интриги, прави поделба во државата и наметнува некои решенија кои за нив се секако неприфатливи како што е јазикот.  И како одговорна партија тие нема да ги прифатат предлозите од опозицијата, вели Делев.

ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега на терен. Очекуваме избори на 11 декември, тие се многу значајни во овој момент од најмалку две причини, истакна вчера од Волково членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски.
-Првата е завршување на кризата и враќање на основните, најважни работи за граѓаните. Премногу штета се нанесе на Република Македонија во изминатиов период од правење на вештачка криза и овој момент изборите се можност да го затвориме ова поглавје. Втората најважна работа е повторно посветување на она што е најзначајно за граѓаните тоа се инвестициите, работните места, нови можности, посочи Попоски.

Во пресрет на големиот празник на Македонската револуција и денот на основањето на ВМРО, 23 октомври, вчера во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица отвори нови простории.
Просториите на комитетот беа претесни да ги соберат присутните кои дојдоа на свеченото отварање на штабот, стотици гости има пред самиот објект, а бројката на членови и симпатизери кои дојдоа на настанот е над 1000.
На отворањето присуствува и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, Васил Пишев, Славе Гошев како и претседателот на ОК Ванковер Манчев.
-Струмица ќе извојува двојна победа и на предвремените парламентарни и на локалните избори, изјави вечера Манчев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вчера се сретна со младите, со пензионери, беше во посета на пазарот, а поразговарала и со земјоделците в

Пронајдете не на следниве мрежи: