ВМРО-ДПМНЕ најави блокирање на три раскрсници

ВМРО-ДПМНЕ денеска најавуваат дека повторно ќе протестираат и блокираат раскрсници во знак на протест за притворените за настаните од 27. април.„Монтираниот политички прогон има за цел да влее страв кај секој еден Македонец кој си ја сака сопствената држава. Хунтата на Заев монтира случаи по примерот на бившиот комунистички режим, без никакви докази и со целосно конструирани тези. Невини луѓе лежат во притвор само затоа што си ја сакале државата, а вистински криминалци, се амнестираат, се пуштаат на слобода и им се повторуваат постапките, и сето тоа под палката на партиското судство“, стои во соопштението, во кое се додава дека судовите одлучуваат не по закон туку по волја на Заев.
Од партијата бараат безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, но и итно и безусловно стопирање на малтретирањата и изживувањето кое, според нив, го прави СДСМ. 
Денеска ќе извршат блокирање на крстосници во период од 15 – 17 часот. Тоа се крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда.„Монтираниот политички прогон има за цел да влее страв кај секој еден Македонец кој си ја сака сопствената држава. Хунтата на Заев монтира сл

Пронајдете не на следниве мрежи: