ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара СДС да ја отфрли Тиранската платформа

СДС  ја втурна Република Македонија во длабока политичка и правна криза. СДС со обидот на нелегален начин да избере Претседател на Собранието прави опасен правен преседан кој може да прерасне во пракса, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори процедурата и така да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската Платформа.
СДС брзајќи да ја реализира Тиранската Платформа изврши пуч во Собранието, ги разгневи граѓаните, директно предизвикувајќи го немилиот настан од четвртокот вечерта, со што ги стави своите и пратениците од другите партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ во голема опасност.
СДС мора да сноси и политичка и правна одговорност за државниот удар од четвртокот вечерта.
СДС треба да престане да му тера инает на сопствениот народ, бидејќи партиите се од народот и за народот, а не обратно.
Народот бара СДС да ја отфрли Тиранската Платформа.
Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.
Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита.
Народот е на нозе!
Македонија се буди!Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори процедурата и така да се гласа двојазичноста,

Пронајдете не на следниве мрежи: