ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието. Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена.
СДС воопшто не се грижи за потребите и интересите на македонскиот народ.
Покрај тоа што прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни.
Криминалецот Зоран Заев треба да знае дека одржување на локални избори нема никаква поврзаност со формирањето на владата.
СДС се обидува да го пролонгира одржувањето на локалните избори бидејќи немаат смелост да се соочат со македонскиот народ, по сето она што сторија.
Се обидуваат да калкулираат согласно партиските интереси, бидејќи за нив државните и националните интереси не се важни.
Време е СДС да се освести, да собере храброст и да обезбеди датум за одржување на неопходните локални избори. Доколку криминалецот Зоран Заев е храбар нека се согласи во рамките на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори.
Нека се одржат и нека остават народот да одлучи во кој правец Република Македонија ќе се движи и дали треба да се отфрли или реализира Тиранската Платформа.СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку сам