Нови парламентарни избори се единствен излез од ситуацијата во која СДСМ ја доведе државата, бидејќи само така граѓаните јасно ќе можат да се изјаснат околу тиранската платформа и нема да се чувствуваат измамено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите– Народот не дозволува ниту формирање тиранска влада, ниту реализирање тиранска платформа и не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е во паника и е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ е однародена партија и затоа стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство.
– Ветувањата и обврските на СДС кон нарко-мафијашките структури кои им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот. Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот. СДС е на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека цената на фактурата СДСМ може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство.– Народот не дозволува ниту формирање тиранска влада, ниту реализирање тиранска платформа и не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е