ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Ваквите кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого

Во вечерните часови 18/19.11.2016 на највандалски начин беше демолиран штабот на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Кавадарци во месниот комитет Задругар, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Андон Лазаров.Текст од прес-конференцијата на Лазаров
На објектот во кои се наоѓа Месниот Комитет Задругар му беше направено оштетување на прозорците и дел од инвентарот од страна на лица чии идентитет е сеуште непознат а случајот е пријавен во полициската станица по општа надлежност Кавадарци и се работи на расвлетлување на случајот.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок да го расветли случајот и виновниците да ги изведе пред лицето на правдата.
Случајно или не, месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше оштетен истата вечер кога СДСМ отвораше канцеларии во истата населба. На ова одговор треба да даде полициската истрага.

Ваквиот потег на вандалите кои го сториле ова недело е показател на нервоза и паника, па се обидуваат со закани да создадат страв.
Им порачуваме тоа нема да ви успее. Ваквите кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого. Доаѓа времето кога граѓаните ќе ги казнат  деструкциите и насилството.Текст од прес-конференцијата на Лазаров
На објектот во кои се наоѓа Месниот Комитет Задругар му беше направено оштетување

Пронајдете не на следниве мрежи: