Образованието со сигурност е еден од најзначајните предуслови, но и показатели за напредокот на една земја. За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна образованието е јасно дефиниран приоритет, во кој континуирано се вложува. Најдобро за тоа сведочи буџетот за образование кој е зголемен за повеќе од 72%, односнo на 23.1 милијарди денари во 2016 година.Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Наташа Ристеска, член на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Имајќи во предвид значењето на образованието за една држава, го воведовме концептот на бесплатно образование – односно бесплатни учебници за сите ученици во основно и средно образование, за што досега се вложени повеќе од 40 милиони евра.
Овој концепт ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Исклучително важно е основното образование имајќи во предвид дека таму нашите деца за прв пат влегуваат во ученичките клупи и ги создаваат основните образовни познавања и навики. Затоа, воведовме англиски јазик во прво одделение, а втор странски јазик во шесто одделение. Воведен е изборен предмет во шесто одделение: Етика на религии, Запознавање на религии, како и Класична култура на европска цивилизација. Воведовме предмет Иновации во деветто одделение.
Обезбедивме Компјутер за секое дете, една од најголемите инвестиции во насока на зголемување на ефикасноста и квалитетот на образовниот процес во Република Македонијa. Воведовме задолжителен предмет Информатика во основното образование, а од учебната 2015/2016 година донесовме нова наставна програма за предметот Работа со компјутер и основи на програмирање во трето одделение. Освен реформите во образованието работевме и на целосно подобрување на условите за учениците и во самите училишта.
Moментално се наоѓаме пред ООУ„Гоце Делчев” каде во изминатите години беа реализирани низа проекти со цел обезбедување на квалитетни услови за образование на нашите деца. Од средства обезбедени од Владата на Република Македонија, Владата на Република Кина и Локалната Самоуправа, направена е комплетна промена на столарија, клупи, подови, табли, олуци и комплетен молерај.
Дополнително извршена е промена на влезните врати, санација и фарбање на оградата од училиштето, но реализиран е и еден од најзначајните проекти за ова училиште кој опфати санација греењето во училиштето. Пред споредниот влез извршено е поплочување со бекатон плочки, како и паркинг просторот во неговата близина.
Набавени се современи нагледни средства, а по барање на родителите отворен е и продолжен престој за учениците. Тука не застанавме, со средства од Агенцијата за млади и спорт, изградено и ставено во функција е модерно тениско игралиште по најсовремени стандарди, а во истиот период 2013 година, со помош на средства обезбедени од Локалната Самоуправа извршена е санација на влезните скали.
Минатата година, ова училиште доби и модерна „Балон сала” за која беа издвоени 1,3 милиони денари од Буџетот на Локалната Самоуправа. Изработен е проект со кој е планира во 2016 година ново ракометно игралиште во дворот на училиштето. Ниту едно од основните училишта во градот не го запоставивме, инвестиравме насекаде.
Од нова дограма во училиштата, до нови подови и врати, клупи и столчиња. Градевме и реконструиравме системи за парно греење, санитарии, фасади, но и нови спортски сали, а набавувавме и современи нагледни средства.
Со други зборови, комплетно го изменивме ликот на основните училишта во нашиот град и денес нашите ученици можат да учат во современи образовни институции.
Ова се само мал дел од проектите и реформите кои ги имаме реализирано во основното образование. Квалитетното образование и квалитетни услови за настава во Македонија и понатаму ќе биде приоритет во работењето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Фактите и делата говорат за тоа кој работи отчетно и посветено, а кој деструктивно!
Народот ја знае нашата програма, го препознава нашето работење, знае дека што ветуваме и исполнуваме и токму поради тоа безрезервно ни ја дава поддршката, a ние и во иднина ќе продолжиме со макорпна работа во интерес на Македонија.Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Наташа Ристеска, член на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ