Градоначалникот на Струмица и лидерот на СДСМ, Зоран Заев е заплеткан во еден од системите на фамилијарна организираност и непотизам при доделување на јавните набавки во Општина Струмица и во институциите кои се во надлежност на Општина Струмица, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Станува видливо сомнителното работење при изборот на фирми за склучување на договори за јавни набавки на локалната власт во Струмица, предводена од градоначалникот Зоран Заев.
Во изминативе денови, до нас дојдоа документи со содржина и факти кои што ќе го потврдат и поткрепат ова наше сомневање за сомнително работење во Општината Струмица“, рече денеска Ристовски.
Спиро Ристовски во медиумите обезбеди доказ кој покажува дека Заев е во некои матни води за јавни набавки во општина Струмица.
„Фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО од Струмица, чии сопственици се Панчо Заев, внимавајте, овој човек е татко на Зоран Заев, и Љупчо Заев, а овој човек е роден чичко на Зоран Заев, се јавува како учесник на распишаниот оглас од Јавната Општинска Установа “Детска радост”, која е во надлежност на Општина Струмица, за набавка на прехрамбени производи и средства за одржување на хигиена. И секако, фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО во сопственост на таткото и чичкото на Зоран Заев ја добиваат оваа јавна набавка.Ова е класичен судир на интерес. Фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО потпишува два договори за јавна набавка со Јавната Општинска Установа “Детска радост” во ист ден (11.04.2013),во вкупна вредност од 3.641.478 денари, односно 3.358.777 за првиот и 282.701 денар за вториот договор за јавна набавка, пари кои всушност одат на сметката на фамилијарната фирма на градоначалникот Заев, ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО“, истакна Ристовски.
Според Ристовски, Зоран Заев, на фирмата на својот татко, преку институција за чие раководење и работење има надлежност како градоначалник, и доделува јавна набавка во висина од 3.641.478 денари.
„Ова не е само сомнителен случај, ова ги поминува сите граници на одговорност спрема граѓаните. Зоран Заев не е во политика за да работи за граѓаните, Зоран Заев е во политика заради остварување на профит на фирмите од Кланот Заеви“, рече Ристовски.
„Станува видливо сомнителното работење при изборот на фирми за склучување на договори за јавни набавки на локалната власт во Струмица, предво