Доколку Радмила Шекеринска беше искрена, досега ќе го пријавеше целиот имот и ќе имаше доблест да говори за останатите. Вака, на јавноста и станува кристално јасно дека таа како лажен социјалдемократ, не само што поседува огромен недвижен имот и богатство, туку и вешто го крие, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Светлана Јакимовска, потпретседател на Собрание на Република Македонија.
Радмила Шеќеринска не само што се стекнала со 5 станови за само 5 години во вредност од 500.000 евра и тоа веднаш после периодот кога ја извршуваше функцијата потпретседател на Владата на Република Македонија, туку во својот анкетен лист не го навела и целиот имот кој што објективно го поседува и располага заедно со нејзиниот сопруг.
Радмила Шеќеринскa и нејзиниoт сопруг заеднички изградиле вила која е на два спрата (приземје и поткровје) со површина од 117 м2 во основа, односно околу 200 м2 вкупна станбена површина и двор од 347 м2 во луксузниот дел на туристичката населба Маврово до самиот ски-центар со поглед на езерото.
Пазарната вредност на оваа вила е огромна. Во овој дел на Маврово само плацот е во вредност од 100 евра по метар квадратен или само за површината вредноста би била 34700 евра. Земајќи во предвид дека оваа вила е градена со луксузни елементи (како што самите велат) и ако претпоставиме дека цената би била само скромни 600 евра по м2, тогаш лесно доаѓаме до податокот дека оваа вила чини околу 120 000 евра.
Вкупната вредност на овој имот (плацот и куќата) е околу 154700 евра.
Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг сами за медиумите изјавиле дека тие ја изградиле оваа вила и дека таа за нив е дома, сопствена куќа и втор дом. Оваа вила е градена токму во периодот кога Радмила Шеќеринска беше потпретседател на Владата, во 2003 година.
Оваа викендица, за која самата вели дека ја користи за уживење, ја стекнала пред неколку години, а сепак до ден денес ја нема пријавено.
Радмила Шеќеринска за оваа викендица во Маврово вели: „Уживаме во неа бидејќи ја гледавме како расте и во секој детаљ внесовме емоции. Овде сме како дома и немаме чувство дека сме некаде појдени”
За оваа викенд куќа магазинот Глобус на 30.12.2008 година пишува: „Првата заедничка Нова година ја прославиле во изнајмена видендичка, а веќе пет години си имаат сопствена куќа која е целосно направена од дрво, па дури и секој нејзин детаљ што се наоѓа внатре.”
Весникот „Вест” на 13.08.2010 година пишува: „Вест” беше гостин кај Радмила и Бобо во Маврово, нивниот втор дом.
Подолу во истиот текст весникот пишува: “Во Маврово ги имаат сите удобности. Имаат помош во одржувањето на вилата и дворот на две нивоа со беспрекорна искосена трева и дел за скара. И покрај тоа што вилата има централно греење, уживаат да се топлат покрај каминот, кој толку ги затоплува собите во зима што мораат да спијат и кога е најстудено, со отворени прозорци.”
Секако, иако за оваа вила Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг велат дека е нивен втор дом, сопствена куќа и дома и дека тие сами со емоции ја граделе, сепак таа е регистрирана како имот на мајката на сопругот на Радмила Шеќеринска. Многу итар начин како да се прикријат. Од една страна во весници се фали дека има сопствена куќа и се слика во неа и околу неа како холивудска глумица, а од друга страна имотот го регистрира на некој од кого во иднина ќе го наследи.
Уште колку имот има Радмила Шекеринска кој не е пријавен?
Доколку Радмила Шекеринска беше искрена, досега ќе го пријавеше целиот имот и ќе имаше доблест да говори за останатите. Вака, на јавноста и станува кристално јасно дека таа како лажен социјалдемократ, не само што поседува огромен недвижен имот и богатство, туку и вешто го крие.
Само од досега познатите информации семејството на Радмила Шеќеринска очигледно поседува недвижен имот во вредност од околу 650 000 евра.
Ако стои зад анкетниот лист, како што самата кажува, треба да и објасни на јавноста од каде и се и колкави се примањата во семејството Шеќеринска-Јанковски за да може во рекордно време да стекне толкав имот. Овој имот е стекнат за време и непосредно по завршувањето на нејзината функција вицепремиер на владата на РМ.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Светлана Јакимовска, потпретседател на Собрание на Република Македон