Нема граѓанин во Република Македонија кој досега не се увери дека единствен проблем поради кој Република Македонија не е полноправен член на НАТО е проблемот кој Република Грција го има со нашето уставно име.Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во северно-атлантската алијанса уште од самитот во Букурешт. Тоа го знаат и сите наши меѓународни партнери и пријатели кои не поддржуваат во нашите напори. Тоа го потврди и Меѓународниот суд во Хаг со донесената пресуда за неоснованоста на грчкото вето. Овие факти не ги прифаќа само соседна Грција и раководството на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ прашува како СДСМ планира да ја внесе Република Македонија во НАТО?
Со денешното соопштение СДСМ сака да најави некакво ново решение. Проблемот е премногу сериозен и граѓаните на Република Македонија мора да знаат која е понудата на СДСМ. Радмила Шекеринска веќе еднаш ја промовираше оваа идеја. Најави дека за шест месеци ќе ја внесе Република Македонија во НАТО и ЕУ. Радмила Шекеринска им остана должна на граѓаните да одговори како ќе го стори тоа?
Која е причината СДСМ повторно да игра на истата карта и да го актуелизира истото прашање? Дали има нешто што јавноста не го знае, а раководството на СДСМ го договрило и го крие?
Зошто СДСМ повторно се обидува да ја амнестира Грција за блокадата и целата вина ја префрла на ВМРО ДПМНЕ?Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во северно-атлантската алијанса уште од самитот во Букурешт. Тоа го знаат и сите наши меѓунар