ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на СДСМ која побара мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.
Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека решавањето на проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение на кое што партијата веќе работи, а не со нереални предлози и проекти.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ ја манипулира јавноста и предлага мерки за гасификација, а од друга страна Куманово и Струмица се едни од најзагадените општини во државата.
– Токму од овие општини стигаат информации за зголемен број граѓани кои се жалат на квалитетот на воздухот и влијанието врз нивното здравје. Лицемерието на СДСМ не застанува само тука. Тие зборуваат за гасификацијата, а забораваат да кажат дека токму овие два града кои наводно ги гасифицирале се едни од градовите со највисоко ниво на загаденост, се наведува во реакцијата.
Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека решавањето на проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение на кое што партија