ВМРО- ДПМНЕ: Сакаме да градиме добрососедски односи базирани на взаемно почитување

ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување и ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава, порачува партијата во пишано соопштение до медиумите.– Шести ден како Заев молчи и крие од македонските граѓани што договорил во Софија. Во текот на изборната кампања на големо ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое поголемо прашање од значење за Република Македонија, Заев од Софија кажа дека договорот е речеси постигнат, а останува уште едно кафе пиење за да се заврши, без притоа да ги информира граѓаните што тоа преговарал и речеси договорил. Заев од Софија кажа дека ќе се бришат одредени термини од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, се додава, во Бугарија јавно ја обвини Република Македонија дека ширела национализам и омраза во минатото, без притоа да прецизира кон кого тоа ширела нашата држава национализам.
– Додека Заев ја обвинува сопствената држава за национализам, молчи и не ги осудува националистичките изјави на Божидар Димитров, според кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, ниту, пак, на сопартиецот на Каракачанов, Вангелов, според кого Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку иста историја. Заев молчи и не реагира на нападите врз Република Македонија, иако како премиер е должен да го штити нејзиниот интерес, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.– Шести ден како Заев молчи и крие од македонските граѓани што договорил во Софија. Во текот на изборната кампања на големо ветуваше експертс

Пронајдете не на следниве мрежи: