ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика

СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ, СДС ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок.
Криминалецот Заев така ќе слушне од прва рака што мисли народот за неговата антидржавна политика.
Народот не сака туѓи платформи и виткање на сопствената кичма за туѓи цели и интереси.
Народот се чувствува постизборно измамен со Тиранската Платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори.
Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев и не сака криминалец да ја води државата. Скоро двојно поголема е поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС.
Порано или подоцна Заев ќе се соочи со судот на народот.
ВМРО-ДПМНЕ предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.
Одложувањето на локалните избори ќе значи продлабочување на политичката и правна криза во која СДС ја втурна државата уште пред две и пол години.
Одлложувањето на локалните избори внесува општ хаос во општество, нанесува несогледливи штети врз економијата и секојдневното функционирање на граѓаните на локално ниво.
СДС мора да го слушне гласот на граѓаните.
Локални избори во најбрз можен рок.
Парламентарнни избори заедно со локалните.
За доброто на граѓаните. За доброто на Македонија.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопств

Пронајдете не на следниве мрежи: