ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на Мила Царовска од СДСМ оценувајќи дека е срамно и лицемерно оваа партија да зборува за социјалната заштита затоа што во времето кога биле на власт не направиле ништо за подобрување на системот на социјална заштита.– СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници и социјалната заштита. СДС само сака медиумски да го сврти вниманието на јавноста од распродажбата на државните и националните интереси на Македонија од страна на нивниот лидер, Зоран Заев и целата криминогена врхушка во врвот на партијата, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во изминатиот период реализирани се многу проекти со кои е подобрен системот на социјална заштита, а во центрите за социјална работа вработен е соодветен кадар и функционални стручни тимови.
– СДС треба да го слушне гласот на народот и наместо прес-конференции за дефокус на јавноста заедно со локалните избори да распише и предвремени парламентарни избори, како директно ќе слушнат што мислат граѓаните за нивната намера за разнебитување на државата, кое се обидоа да го дефокусираат под превезот „за живот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.– СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници и социјалната заштита. СДС само сака медиумски да