Зоран Заев сега ја води владата на Република Македонија и има одговорност да ги реализира ветувањата што им ги даваше на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните од него очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ. Секој ладен туш и секој неуспех на Заев во реализација на ветувањата е ладен туш и неуспех за државата. Обидот на СДС да глуми опозиција, да измислува оправдувања и да дефокусира пласирајќи лажни вести и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ не им помага на граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше прва Влада во Република Македонија која успеа да ја приближи државата до конечната цел – станување полноправен член на ЕУ и НАТО.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за отпочнување на преговори за членство во ЕУ во 2009-тата година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008-ма година, кога од општо познати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез.
Република Македонија сврте нов лист во своето европско поглавје со добивање на визната либерализација од ЕУ во 2009-та година, што беше дадена благодарение на реформите кои Владата ги спроведе во сферата на граничната контрола, царината и безбедноста.
Визната либерализација овозможи македонските граѓани слободно и непречено да патуваат во земјите членки на ЕУ и Шенген зоната. Огромна придобивка за граѓаните кои пред тоа по неколку месеци и во редици чекаа пред амбасадите на овие држави.
СДС од ВМРО-ДПМНЕ затекнува држава на стабилни нозе, полна буџетска каса и јасно трасиран пат кон ЕУ и НАТО. За разлика од сега, ВМРО-ДПМНЕ од СДС наследи празен буџет, држава на клекнати нозе со 38% невработеност и со закочен пат кон ЕУ.
Граѓаните се сомневаат во европскиот капацитет на Владата на СДС водена од стари истрошени кадри, на чело со аболициран криминалец Заев, човек фатен на дело во повеќе криминални активности, за кои бега од кривичен прогон разрешувајќи го обвинителот на обвинителството кое го гони.
Граѓаните гледаат и знаат што направи ВМРО-ДПМНЕ, а што СДС.Граѓаните од него очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на