Беда, сиромаштија, криминал и масовна трговија на црно ова беше Македонија која СДС ја создаде во 90-тите за време на криминалната транзиција. Граѓаните во изминатите 10 години видоа дека Македонија може да биде економски стабилна и силна држава доколку се работи како што работеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Држава во која ќе се намалува невработеноста и ќе расте просечната плата како и стандардот на живеење, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата информираат дека сега СДС со своите катастрофални економски политики полека, но сигурно не враќа во 90-тите, стапката на невработеност ќе расте, просечните плати веќе се намалуваат и сите економски показатели покажуваат дека Македонија влегува длабоко во рецесија.
-БДП за последниот квартал СДС за нешто повеќе од 100 дена успеа да го намали за 1.8 проценти. Тоа за граѓаните значи губење на своите работни места и основниот извор на егзистенција. СДС тоа го стори со наглото прекинување на сите капитални проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги предвидуваше за овој период, со единствена причина водење инат со својот политички опонент. СДС ја стопираше изградбата на автопатите, изградбата на клиничкиот центар во Скопје и голем број на училишта градинки низ целата држава во функција на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. СДС и црната тројка, Заев, Анѓушев и Тевдовски со ова ја втурнаа Македонија во рецесија. СДС и покрај нереализацијата на ниту еден крупен капитален проект успеа да ја задолжи Македонија и потроши од девизните резерви нешто повеќе од 540 милиони евра. Пари на граѓаните, кои ги потроши за партиски вработувања и задоволување на апетитите на своите партиски послушници. Сето ова ја придвижи и инфлаторната спирала. За август месец според народна банка инфлацијата во Македонија изнесува 1.9 проценти. Ова за граѓаните значи дека тие плаќаат повисоки цени за основните потреби за живот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, покажа дека Македонија со правилни економски политики и мерки може да бележи раст на економијата дури и во услови на криза, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека невработеноста може да се намалува, а просечната плата да расте.
-Ако СДС продолжи вака банкротот на државата е неизбежен, сиромаштија ќе расте, а најпогодени ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани, оние за кои една Социјалдемократска влада најмногу треба да се грижи. Наместо за овие граѓани СДС се грижи за милионите на Заев и Анѓушев и зголемувањето на богатството на олигарсите блиски до нив, се наведува во партиското соопштение.Од партијата информираат дека сега СДС со своите катастрофални економски политики полека, но сигурно не враќа во 90-тите, стапката на невработеност