СДС започна со партизација на цела Македонија, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.-Заев се колнеше дека нема да ја партизира администрацијата, а како прв човек на агенцијата за администрација назначи не само партиски човек, туку и член на извршниот одбор на СДС. Спасе Глигоров се обиде да сее магла и со поднесената оставка од партиските функции да ги убеди граѓаните дека не бил човек на партијата. На седницата на Влада оддржана на 27.06.2017 година Спасе Глигоров беше даден како предлог за директор на Агенцијата за Администрација. Тие донесувајќи го овој предлог ветуваа односно утврдија дека Спасе Глигоров ги исполнува сите криеруми кои што се дадени за назначување на директор на Агенцијата за Администрација, меѓутоа Спасе Глигоров меѓу кои и изјавата дека тој не е висок партиски функционер во самата СДС. Но Спасе Глигоров дури на 30.06.2017 година со изјава на Нотар се откажал од вршењето на својата партиска функција. Ова е навредливо потценување на интелигенцијата на јавноста која многу добро следи и знае што се случува, истакна денеска Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Исти вакви сеачи на магла, додаде таа, јавноста препозна во одработувачите и профитерите од екс-невладиниот сектор кои влегуваат во владата дури и побргу отколку кадарот на коалиционите на СДС, ДУИ или ДР-ДПА.
-Повеќе од 9 милиони денари секоја година е висината на платите на годишно ниво само за последните 13 советници на Заев вработени во еден конкурс. Оваа сума е неколку пати повисока кога ќе се пребројат сите вработувања на соросоидите кои дивееа по улиците лажејќи дека биле коректив на власта, а целта им беше да седнат по фотелји на државна сметка – и тоа денес им е јасно како ден. Заев овие одработувачи и профитери ги награди за нивната манипулаторска и вандалска улога во општеството. Невладиниот сектор кој беше приватизиран од СДС, сега отиде под стечај и ќе биде ликвидиран, а сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните со десетици милиони денари годишно плата за насилните демонстранти кои некогаш се претставуваа како граѓански активисти.
Стаменковска, потенцираше дека овие пари наместо да се искористат за пониски цени на лекови, нови спортски сали, игралишта и градинки – ќе се користат за плаќање на фактурите на Заев кон предизборните профитери кои му слугуваа на неговиот интерес.
-Ваквите вработувања по методот „Од чистачка до министер“ на Заев, метод кој како евангелист насекаде каде оди го шири Курто Дудуш, се ништо повеќе од најгруб и веќе виден обид на СДС да ја партизира и приватизира државата. Казната за ваквите партиски вработувања доаѓа редовно, а СДС ќе ја искуси веќе на првите наредни избори.-Заев се колнеше дека нема да ја партизира администрацијата, а како прв човек на агенцијата за администрација назначи не само партиски човек, туку