ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е уценет за да ја прифати албанската платформа

На декемвриските избори граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Таа или која било платформа изготвена во туѓа држава не може и не смее да стане услов за формирање на влада во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на изнаоѓање начини истата да се реализира.
Помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. Многу поважно е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата. Тие ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии.
Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.
Доколку Зоран Заев не е сигурен во сопствениот рејтинг и поддршката, сметаме дека СДСМ треба да ја отфрли платформата и да се откаже од реализацијата на сите елементи од неа кои водат кон формирање на бинационална држава. Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги даде своите гласови на СДСМ за да формира влада, каква што сака, но без уцени и прифаќање платформи кои предизвикуваат далекусежни штети и ја претвораат Македонија од мултиетничка во бинационална држава.
ВМРО-ДПМНЕ чувстува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“. Заради почитта кон нив и нашата стратешка определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на изнаоѓање начини истата да се реализира.
Помалку е важно со што е уценет Зоран За

Пронајдете не на следниве мрежи: