ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието го прекршиле Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието и за тоа, потенцира, мора да сносат одговороност.
Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отвора можност за незаконско гласање на двојазичноста, двојазични банкноти и униформи, геноцид и сите останати елементи од тиранската платформа, без притоа да се почитува волјата на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, четири дена молчат за албанските знамиња во кабинетот на нелегално избраниот од нивна страна претседател на Собранието, исто како што молчеа и стоеја кога се пееше химната на албанската држава во македонскиот законодавен дом.
– Заев очигледно ужива кога го навредува Македонецот. Во еден ист ден ги прогласи Македонците и за Бугари и за Срби. Ваквите антимакедонски ставови на Заев беа пофалени од Божидар Димитров, кој рече дека Заев бил во право и дека Македонците се Бугари, а Струмица од каде што потекнува Заев е бугарски град. Заев добива пофалби од сите негатори на Македонија, само не од граѓаните, кои упорно и се погласно бараат парламентарни избори, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и несакаат Македонија да се претвори во бинационална држава, со сите елементи од тиранската платформа. Граѓаните, порачува партијата, сакаат економски просперитет и технолошки прогрес, а не платформи и програми кои ја заглавуваат државата длабоко во минатото и не носат ништо за подобрување на нивниот живот. Заев и СДС покрај политичката криза ја втурнаа Република Македонија и во правна криза. Создадоа правни преседани со кои што во иднина се отво