ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја дефокусира јавноста од тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Злате Мехмедовиќ  оценува дека СДСМ со манипулации и невистини сака да ја дефокусира јавноста од темата за тиранската платформа, која, истакнуваат, очигледно оваа партија во целост ја има прифатено.– Ниту една безочна лага не може да ги покрие фактите и бројките кои покажуваат колкава разлика е постигната во здравството во време на СДС и во време на ВМРО-ДПМНЕ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Истакнува дека најголемата реформа на СДСМ во здравството било воведување телефонски број за нарачка на лек на рецепт со што, посочува, граѓаните чекаа со недели да стигне лекот во некоја од градските аптеки, а кога ќе дојдеа во аптеката да им кажат не можеме да ти дадеме цело кутиче, туку еве ти една лента.
– Владата на СДС во 2002 година одвојуваше само  милијарда денари кои биле искористени за осум милиони рецепти, во 2003 СДС одвојуваше 1,2 милијарди денари за 8,5 милиони рецепти, 2004 СДС одвојуваше 1,6 милијарди денари за 10 милиони рецепти 2005 СДС одвојуваше 1,4 милијарди денари за девет милиони рецепти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2016 издвои 2.55 милијарди денари за 22,2 милиона рецепти, а за 2017 години 2,75 милијарди денари. Во 2005 година имаше договори со само 40 правни лица кои издаваа лекови на рецепт, сега се 776 аптеки низ цела држава. ВМРО-ДПМНЕ одвојува повеќе од двојно средства за лекови на рецепт во споредба со СДС, се вели во реакцијата.ж

ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека минатата година бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1.210 лекови по заштитено име од различни производители, односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75 проценти се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи.
– Овие лекови осигурениците ги подигнуваат со рецепт од матичен лекар, додека за некои од нив потребна е препорака од специјалист/субспецијалист. Осигурениците лековите во 2016 година можеа да ги подигнат во 776 аптеки на територија на цела Република Македонија, од кои 695 се аптеки, 72 аптекарски станици, 6 подвижни аптеки и 3 рурални аптеки. За таа намена, беше зголемен и буџетот за лекови кој во 2016 година беше 2,55 милијарди денари, за разлика од 2015 година кога истиот изнесуваше 2,46 милијарди денари, а за годинава е дополнително зголемен за 200 милиони денари,  стои во реакцијата.
За комплетно декласирање на СДС, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, говори и следниов факт, искористеноста на средствата наменети за лекови на рецепт-КВОТИ во месец јануари биле 98 проценти на ниво на цела држава, февруари биле 97 проценти, март 98%. Ова значи дека останале пари наменети за лекови на рецепт т.е. сите не биле искористени до крај од страна на аптеките.
– Лекови на рецепт во 2016 година подигнале 1,23 милиони осигуреници или 66,4 проценти од вкупниот број на осигуреници. Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран пораст во изминатите години, наведува ВМРО-ДПМНЕ.– Ниту една безочна лага не може да ги покрие фактите и бројките кои покажуваат колкава разлика е постигната во здравството во време на СДС и

Пронајдете не на следниве мрежи: