Се што беше договорено меѓу 4-те партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која што СДСМ ја втурна државата.
Круна на тој договор се изборите на 11-ти декември на кои граѓаните ќе одбираат меѓу просперитет и проекти, а од друга страна политика на деструкција, манипулација и криза.
Договорот меѓу партиите подразбираше и формирање на СЈО кое ќе има рок од 18 месеци за да отпочне истраги за предметите за кои ќе има дури и најмал сомнеж. Партиите консултираа експерти и се договорија за сите детали, почнувајќи од Буџетот, па се до кадровското екипирање. ВМРО-ДПМНЕ се согласи на формирање на ваква паралелна институција затоа што знаевме дека вистината е на наша страна и дека ова време е доволно за во законска процедура да излезат на виделина сите манипулации на Заев.
ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на СЈО.
Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева избрка две обвинителки со образложение дека немала потреба од нив заради обемот на работа.
Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева со месеци го чекаше Зоран Заев да и ги предаде незаконските материјали. Во сиот период таа ниту еднаш не го обвини за попречување на работата на СЈО, а материјалите ги доби откако го ослободи од притвор Зоран Верушевски, чија сопруга за тоа му се заблагодари на Заев.
Нема ништо разумно да одложувате едно рочиште за цел месец заради свадба или приватни обврски, а за вашата работа земате огромна плата од државата.
Нема ништо разумно да настапите како политичар и да барате нешто од Собранието, а истовремено го прогласувате за нелегитимно и знаете дека Вие не сте Суд туку само странка во постапката која ќе треба да ги докажува своите сомнежи.
Круна на тој договор се изборите на 11-ти декември на кои граѓаните ќе одбираат меѓу просперитет и проекти, а од друга стр