Македонскиот народ на 11-ти декември гласаше за излез од кризата, проекти и просперитет. Граѓаните на 11-ти декември гласаа против политиката на деструкција и кризи која ја практикува аболицираниот криминалец Зоран Заев.ВМРО- ДПМНЕ нема да потклекне пред предизвиците и нема да дозволи нова криза во државата. Тоа што вчера не беше постигнат договор за Влада е уште една потврда дека ВМРО стои зад волјата на македонскиот народ и нема да дозволи двојазичност и кантонизација во Македонија.
Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ ќе успеела доколку била прифатена платформата дадена од албанските партии, а истата ја наметна Зоран Заев во својата предизборна кампања и беше потврдена и во разговорот помеѓу Заев и Еди Рама, која главно подразбира двојазичност и промена на Уставот на Р. Македонија.
Преку платформата се бара официјален албански јазик, решавање на името, па дури и промена на химната И знамето. ВМРОДПМНЕ и другите политички субјекти, како и партиите кои ги застапуваат интересите на другите етнички заедници во Македонија се изјаснија дека за нив барањата наведени во документот се неприфатливи. ВМРО- ДПМНЕ цврсто останува на прогласот од декември, и нема да дозволи македонскиот народ да биде потиснат во сопствената држава.
И покрај многуте притисоци и милионите вложени од СОРОС во СДСМ, ВМРО нема да дозволи да се погази волјата на македонскиот народ.
Точно е дека Македонија е мултиетничко, мултијазично и мултиверско општество но пред се е унитарна држава и во интерес на сите граѓани е да се зачува унитарноста и стабилноста на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план.
Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.
Македонскиот народ на 11-ти декември го имаше својот глас и ја изрази својата волја. ВМРО- ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори со освоени 452.709 гласови. Волјата беше дека македонскиот народ е за стабилна и унитарна, економски напредна Република Македонија. ВМРО- ДПМНЕ нема да потклекне пред предизвиците и нема да дозволи нова криза во државата. Тоа што вчера не беше постигнат договор за Вл