Радмила Шекеринска е политичар кој македонската јавноста го знае по една од најголемите измами во историјата на демократска Македонија – „Бонбона бизнисот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Шекеринска е политичарот кој е најредовно казнуван од страна на македонските граѓани на избори.
Шекеринска е политичар со најголем изборен пораз во македонската историја.
Шекеринска е политичар без образ, кој не испушта прилика за нова лага и манипулација.
Лага се инсинуациите на Шекеринска дека ВМРО-ДПМНЕ пратил и платил било кого од граѓаните кои протестираа и влегоа во Собранието на 27-ми април, кои СДС ги разгневи и испровоцира со своето антидржавно и антинационално делување.
Шекеринска најгрубо лаже и ги манипулира граѓаните, обидувајќи се да создаде слика во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ на било кој начин учествувал во организирање на протестите од 27-ми април.
Шекеринска наместо да лаже кај ќе стигне, треба да се погрижи да ги објасни на јавноста изјавите на Зијадин Села, човекот од кого зависи идната влада на СДС, кој тврди дека не се откажал од Тиранската Платформа, која ја загрозува унитарноста на државата.
Шекеринска и СДС наместо да се занимаваат со шпекулации и замајување на јавноста треба да го слушнат гласот на граѓаните и во најкус можен рок да овозможат одржување на локални избори, кои се редовни и неопходни, а со нив и парламентарни.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Радмила Шекеринска во емисијата