СДС нелегално го избра Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС покажа дека е подготвен да ги погази и волјата на народот и Уставот и националните и државните интереси.
Најдобар доказ за флагрантно кршење на процедурите и нормите од страна на СДС е срамниот обид на диво да се избере претседател на Собранието. На оваа незаконска одлука како потписник стои Горан Мисовски со функција заменик претседавач на Конститутивната седница на Собранието на Македонија. Ова е класичен фалсификат и прекршување на законот.
Имено, согласно стенографските белешки од 30-ти декември кога почна конститутивната седница, пратениците Стојан Миланов од СПМ и Јусуф Хасани од ДПТМ се назначени за заменици претседавачи. Оттука Мисовски немал апсолутно никаква функција да претседава со срамниот собир на кој беше направен обид за избор на Талат Џафери, а уште помалку да се потпишува на нелегитимна одлука.
СДС и неговите партнери во низа извршија неколку кршења на Деловникот и нормите.
Најпрво прекршување се случи со самото тоа што пратениците од СДС и нивните партнери продолжија со работа по затворање на седницата во 18 часот, од страна на единствениот легитимен претседавач, Трајко Велјановски. Потоа следеше ново прекршување со нелегитимниот избор на Мухиќ, а потоа и Горан Мисовски за претседавачи, спротивно на нормите и процедурите.
СДС го оневозможи највисокото демократско парламентарно право, правото на дискусија на пратениците. СДС го прескокна формирањето на Комисија за избори и именување со што спречи истата да предложи и други кандидати за претседател на Собранието. СДС го погази и правото на пратениците да соберат потписи и да предложат и други кандидати за претседател на Собранието. На крај, без никакво пребројување на гласовите и на присутните, без никаков стенограм и ангажман на стручните служби, СДС нелегално се обиде да си избере претседател на Собранието.
Ова дело извршено од Мисовски, е дел од сценариото на СДС да изврши државен удар, да ги погази процедурите, законите, Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Овој криминал Мисовски и СДС го направија со цел да отпочнат што побрзо да ја реализираат Тиранската Платформа и да отпочнат што побрзо да ги исплаќаат политичките фактури за кои се уценети.
Криминалите кои СДС ги направи не застаруваат и нема ништо да ги спаси од одговорност.
Криминалот кон сопствениот народ и сопствената држава и Заев и Мисовски и СДС ќе го платат и пред институциите на државата но и пред народот кога ќе се соочат со него.
Ова нема да им помине.
Казната за своето нелегално, антидржавно и деструктивно однесување ќе ги стаса.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС покажа дека